Петар Печков
Објавено: недела, 09 октомври 2011
И додека повеќето од велешани за споменикот на Илинденците велат коњот, дали навистина тој е машки или женски род. За тоа ќе посведочи фотографијата. Додека во Скопје, споменикот ,,Воинот на коњ,, е документирано машки род, овој кај нас во Велес засега без докази дека е од машки род.
Споменикот во 2002-та го изработи велешкиот автор, скулпторот Ангел Коруновски, за тројцата Илинденци, Јован Наумов Алабакот, Андреја Димов Докурчев и Тодор Христов Офицерчето.
Дали знаевте, дека доколку предните нозе на споменикот Коњаник се дигнати, тоа значи дека тие загинале во борба? Така е секаде во светот, па и кај нас.
Првиот споменик-коњаник во Македонија е извајан во бронза и е висок 3,5 метри со постамент од травертин и зелен гранит со висина од 2,5 метри. Тој чинеше 48 илјади евра пари од Општина од Буџетот и од донации.
Tweet |